Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 170/16).

Кованата пара „Свети Никола Чудотворец“ ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на Св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

– на реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „Свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованaтa парa „Свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија: www.nbrm.mk.