Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија” на Народната банка на Република Македонија.
Народната банка на Република Македонија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.