Обуки за јакнење на капацитети на локалните младински совети

Во периодот 07-08 октомври (Штип) и 14-15 октомври (Битола), Агенцијата за млади и спорт организираше обуки каде учествуваа претставници од локалните младински совети од нашата држава. На обуката беа покриени теми поврзани со младинските политики во нашата држава, застапувањето и лобирањето, соработката со засегнатите страни и комуникациските вештини.

Oвие обуки се наменети за јакнење на капацитетите на локалните младински совети од кои голем дел беа формирани во периодот 2014-2016 година, на иницијатива на Агенцијата за млади и спорт, а истите се дел од приоритетите на Националната стратегија за млади 2016-2025 г.