Во сабота ќе се подигнува кабаст отпад во У.З.14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22ри октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14„Радојца Новичиќ“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

Согласно годишниот календар за 2016 год. ова e последната акција за подигање на кабаст отпад, а саботите од следниот месец ќе бидат резервирани за подигање зелен отпад. За динамиката на подигање зелен отпад граѓаните ќе бидат навремено информирани.