Сребрен медал и диплома за ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид кое ја имаше честа да учествува на Првиот меѓународен гастрономски натпревар-Македонија 2016 во Скопје. Натпреварот беше во организација на Здружението на готвачи – ГАСТРО МАК како национална организација на готвачи и членка на WACS (Светската асоцијација на шефови на кујни).
Ученикот Ренато Талески се натпреваруваше во јуниорска конкуренција во категоријата: подготвување Јадење од паста-тестенини и го освои второто место.
На натпреварот учествуваа натпреварувачи од 20 земји, а домашни и меѓународни судии ја оценуваа нивната работа, вештините и техниките на работењето во подготовката на јадењата.
Училиштето уште еднаш докажа дека е во чекор и го следи трендот во современето угостителство и туризам, а со тоа претставувајќи го градот Охрид и Македонија како туристичка дестинација и земја со богата културно-историска традиција во која македонското гостопримство се презентира и преку вкусната трпеза.