Со пригодна свеченост, што ќе се одржи утре, општина Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
На настанот ќе се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, а ќе се одржи и културно – уметничка програма. Настанот е закажан за 12 часот во голема сала на општина Охрид.
Се покануваат сите охриѓани да го проследат овој свечен настан.