Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на граѓаните на Штип повика:
„Ајде да се договориме и да ги смениме работите во Македонија“.
Оваа порака на претседателот Заев следуваше по низата трогателни животни приказни што ги слушна од граѓани на Штип, на Пазарот и низ Чаршијата. Сите се жалат на голема сиромаштија и на неправди од државниот систем кој наместо да ги штити им го отежнува животот.
Една жена вели дека останала без работа, нема доволно стаж за пензија и затоа е буквално без егзистенција. Неколкумина граѓани, приматели на социјална помош прашуваа како да живеат со социјална помош од 1000 денари? Покажуваат сметки, за вода, од 2.500 денари, што им стигнале за плаќање. Иако пазарен ден, низ Чаршијата беше празно. “Затоа си стоиме надвор, нема купувачи“ коменититаа вработени во дуќаните. Една од нив е продавачка во бутик, а инаку магистер по педагогија, но не може да најде работа по струката. Друга, мајка вели дека ја подготвува керката да замине во стратство. Таму застана и жена која плачеше на глас, болна од рак, нема пари за болница, ни лековите не може да си ги купи.
Претседателот Заев рече СДСМ во Планот за живот во Македонија предвидува враќање на парите кон граѓаните што ќе им го олесни животот. Бесплатно болничко лекување за сите. Социјална пензија за граѓаните кои не исполнуваат услови за пензија. Социјалната помош е за 60 проценти пониска од линијата на сиромаштија и затоа не им помага на граѓаните. Планот на СДСМ содржи конкретни мерки за извлекување од сиромаштија, од зголемување на социјалната помош, преку намалување на трошоците за живот, до државна помош на домашните претпријатија за отворање нови работни места и повискоки плати. Кога луѓето ќе имаат пари, тие повеќе и ќе трошат и Чаршијата и Пазарот ќе заживеат.
„Мојата мајка е наставничка, знам каква благодорна професија е тоа да се работи со деца. Подавам рака и се обврзувам дека може да живееме добро во Македонија. Да си ги задржиме младите во Макдонија“, повика претседателот Заев, ракувајки се за договор со граѓаните со кои разговараше.