Врз основа на член 110 од Законот за високото образование на Република Македонија, Статутот на Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје, Одлуката на Советот на ректорот на седницата одржана на 2016/09/29, со одлука на Владата на Република Македонија да го промени и дополнување на бројот на студенти кои се запишуваат во институциите на високото образование во првата година на студии во учебната 2016/17 nr.42-7862 / 1 од 2016/10/10 (Службен весник на РМ nr.189 14 октомври 2016 година), како и на Законот за основање на Универзитетот “Мајка Тереза” (Службен весник на РМ бр 226/2015), и барања за пополнување на конкурсот, Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје објавува:
К О Н К У Р С
за упис на студенти во прв циклус на студии на студиските програми на Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, за академската година 2016/2017 година
1.Бројот на студенти
На единиците во состав на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во прв циклус на студии за академската 2016/2017 година, се запишуват по број на студенти како во прилог:
Screenshot 7
Screenshot 8
II. Услови и критериуми за запишување
1. Право на запишување на прв циклус студии имаат кандидати кои положиле државна матура или меѓународна матура
2. Право на запишување на студии на прв циклус имаат и кандитати со четригодишно средно образование кои имаат положено училишна матура, односно завршен испит. Ако на прв уипиесн рок не се пријвуваат доволен број на кандитатите кои ги исполнуваат условите на прв точка, право на запишување имаат и кандитати кои имаат положено училишна матура или завршен испит на одредена средно училиште верифицирани со акт на Министерство за образование и наука.
3. Право на запишување на прв сиклус студии имаат и кандитати со завршени четригодишно средно образование, кои не
полагале државна матура , однсоно кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008.
По исклучок, особено талентирано лице може да запише студии на факултетите од областа на уметностите иако нема завршено четиригодишно средно образование, под услов тоа да го стекне до крајот на втората година на студиите, под услови утврдени со статутот на факултетот. Доколку лицето од претходниот став не ги исполни наведените услови, го губи статусот студент на соодветниот факултет.
4. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите. На прв циклус студии на факултетите можат да се запишуваат и вонредни студенти, доколку тоа го овозможува карактерот на студиската програма.
5. Начинот на селекција на кандидатите ќе се врши во зависност од видот на студиските програми за кои тие конкурираат, и тоа:
а) студиски програми каде селекцијата на кандидатите ќе се врши врз основа на успехот од средното образование;
б) студиски програми каде селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование и со проверка на талентот на кандидатите. Тоа се однесува на студиски програми со посебни специфичности.ц) студиски програми каде наставата се реализира на англиски јазик, каде селекцијата ќе се врши од успехот во средното образование и успехот на интервиста за анлгиски јазик од одредена комисија.
6. Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени.
а. На студиските програми каде селекцијата се врши само според успехот од средното образование, кандидатите може да освојат најмногу 100 поени,и тоа: општиот успех по сите предмети учествува со 60% и од успехот постигнат на државната матура кој учествува со 40%.
а.1 На студиските програми на кои селекцијата ќе се врши само според успехот од средното образование, бодирањето се врши на следниов начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.
а.2 Бодирањето на успехот постигнат на државната матура 2013/14 се врши на следниов начин: Перцентилниот ранг од екстерниот предмет кој се полага на државната матура се множи со коефициент 10. На ист начин се пресметува и Перцентилениот ранг од вториот и третиот екстерен предмет, од кои се добива најмногу 30 поени. Рангирањето според оценката на интерниот соодветен предмет кој се полага на државната матура (Прилог 2) се множи со коефициент 1,2, со која се добива најмногу 6 поени, а несоодветниот онтерен прдмет со 0,6, каде се добива најмногу 3 поени. Оценката добиена на проектанта задача сe множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени. Вкупниот успех од државната матура може да донесе најмногу 40 поени.
а.3 Бодирањето на успехот постигнат на државната матура до 2012/13 се врши на следниов начин: Перцентилниот ранг од екстерниот предмет кој се полага на државната матура се множи со коефициент 10. На ист начин се пресметува и Перцентилениот ранг од вториот екстерен предмет, со кој се добива најмногу 20 поени. Рангирањето според оценката од соодветен интерен предмет (Прилог 2) со студиската програма кој се полага на државната матура се множи со коефициент 1,6, со која се добива најмногу 16 поени, а несоодветните интерни предмети со коефициент 0,8, со која се добива најмногу 8 поени. Оценката добиена на проектанта задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијатнајмногу 4 поени. Вкупниот успех од државната матура може да донесе најмногу 40 поени.
а.4 За кандидатите кои средното образование го завршиле во претходните учебни години (пред учебната 2007/08 година) и не полагале државна матура, освен пресметувањето на бодовите од точка 7.а.1, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од двата предмети значајни за студиската програма и двата предмета кои се однесуваат на јазиците (мајчин јазик и еден странски јазик) се дели со 16 и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 8. По оваа основа може да се добијат најмногу 10 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за четирите предмета
а.5 Бодирањето на успехот на кандитатите кои полагале училишна матура или завршен испит по завршено соодвенто стручно срендо образование со четригодишно траење се врши: Оценикте од соодветните предметите кои се полагаат на училишна матура се множат со коефициент 1,6, а несоодветниот со 0,8, а пракитчната задача со 0,8. По оваа основа можат да се собират најмногу 20 поени.
а.6 Пресметка на бодовите на студиските програми со проверка на талентот: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години и од матурскиот испит, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени. Вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 40 поени. Проверката има елиминаторен карактер со најмалку 10 поени, а на Педагошки факултет со 20 поени. Проверката според иста постапка ќе се воведува на општа медицина, стоматологија, фармација за кандитатите странски државјани, кандитати кои имаат завршено средно образование надвор од РМ, кандитати со несоодветни интерни и екстерни предмети и кандитатите кои немаат положено државна матура, односно имаат завршено средно пред учебната 2007/08. Кандитатите со помалку 40 поени, од вкупниот број на поени нема да бидат примени.
III. Селекција на кандидатите
1. За следење и реализацијата на Конкурсот, Ректорската управа формира Универзитетска конкурсна комисија.
2. Рангирањето на кандидатите го вршат конкурсните комисии на одделните факултети.
3. Конкурсната комисија, на огласната табла на факултетот, ги објавува поените од средното образование (среден успех), и резултатите од проверката на талентот, на студиските програми каде што таа се спроведува (во табелата на резултати ќе бидат објавени и следниве податоци: име, име на родител и презиме, место на живеење, државјанство и статус наприем).
По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување од страна на конкурсната комисија, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошнатапостапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до управата на факултетот. Решението на управата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на факултетите. По истекот на роковите за поднесување приговори и за нивно решавање, Универзитетската конкурсна комисија на соодветниот факултет објавува решение за прием на студенти (конечна ранг-листа), врз основа на што се врши запишување на студенти.
Кандидатите кои во предвидениот рок за упис нема да да ја достават соодветната документација, односно воопшто нема да се јаваат на службата за студентски прашања на соодветниот факултет каде што се примени, ќе се третира дека се откажуваат од приемот и нивното место повторно ќе биде објавено во дополнителниот конкурс.
4. Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени (најмногу пет кандидати), факултетот ги запишува сите вакви кандидати. Ако, пак, бројот на ваквите кандидати е поголем од 5, тогаш факултетите овие кандидати ги рангираа според дополнителни критериуми: соодветноста на изработената проектанта задача при полагањето на државната матура, освоени награди на републички и меѓународни натпревари, членови на спортски репрезентации на РМ, добиени сертификати за познавање на странски јазици на повисоко ниво и сл.
5. Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надоместок за кофинансирање на студиите, износот утврден во глава I од Конкурсот го плаќаатво денарска противвредност, според средниот курс на НБ на РМ. Надоместокот за студирање на студентите од претходниот став, за секоја студиска програма одделно, е составен дел на овој Конкурс. Плаќањето на надоместокот се врши во две еднакви рати. Надоместокот од став 1 на оваа точка студентите го поднесуваат во текот на целокупното студирање.
Ректорската управа донесува посебно Упатство за реализација на Конкурсот.
IV. Запишување вонредни студенти
1. На одделни студиски програми на факултетите, како вонредни студенти може да се запишуваат кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и имаат договор за вработување на неопределено време, како и кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти. За оправдани причини од претходниот став се сметаат: инвалид кој не е во состојба да ја посетува наставата; потешка долготрајна болест, која оневозможува редовно следење на наставата подолго од еден семестар; родител на дете додека трае породилното отсуство.
2. Вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа. Вонредните студенти се запишуваат со кофинансирање на студиите, според сумата наведена на табела бр.1.
3. При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат договор за вработување на неопределено време, или лекарско уверение за причините наведени во точка 1 став 2.
V. Запишување студенти со кофинансирање на студиите
1. На факултетите, како редовни студенти се запишуваат и кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување, а поради ограничените квоти не можат да се запишат во категоријата студенти финансирани од државата.
2. Студентите што се запишуваат во оваа категорија, износот утврден во глава I од Конкурсот го плаќаат во денарска противредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето, во најмалку две еднакви рати.
3. Факултетот објавува ранг-листа на кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување во оваа категорија.
Кандидатите кои се согласуваат да се запишат во оваа категорија студенти, поднесуваат изјава во рок од 24 часа по објавувањето на конечната ранг-листа дека се согласуваат во текот на целокупното студирање да ги кофинансираат студиите. Кандитатот кој ќе ги запишуваа студиите врз основа на статусот кој е примен со коофинанцијање, се смета дека прифатил да ги коофинанцира студиите.
Листата на примените кандидати во оваа категорија ја утврдува конкурсната комисија врз основа на ранг-листата и поднесените изјави за согласност за запишување во оваа категорија.
Студентите со кофинансирање при запишувањето склучуваат договор со факултетот за меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес.
VI. Кандидати со завршено средно образование во странство
а) Странски државјани
1. Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот, а нивниот број може да изнесува до 20% од вкупниот број на студенти утврден со конкурс во ниво на факултетот, освен студиските програми каде настава се одвива на англиски јазик.
2. Селекцијата на кандидатите кои се пријавуваат за студирање на Факултет за градежништво и архитектура , Факултет за информатички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за техничи науки и Факултет за социјални науки , се врши со проверка на знаењата и умеењата.
3. При пријавувањето, кандидатите наведуваат на кој факултет, односно студиска програма сакаат да студираат, дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. Со пријавата поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, заверен превод на изводот од матичната книга на родените,сертификат за познавање на македонски јазик или албански јазик (дадена од комисјата на Универзитетот)и уверение за здравствената состојба (хив тест и хепатит Ц).
Надоместокот за стуудирање за странските државјани за 2016/17 год е 200 евра за еден семестар односно 400 евра за една учебна година.
б) Државјани на РМ со завршено целокупно средно образование и со дел од средното образование во странство
1. Кандидатите чии родители се наши иселеници и кандидатите државјани на РМ, кои целокупното средно образование го завршиле во странство се запишуваат надвор од квотата, со кофинансирање на студиите.
2. Селекцијата на кандидатите кои се пријавуваат за студирање на Факултет за градежништво и архитектура , Факултет за информатички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за техничи науки и Факултет за социјални науки , се врши со проверка на знаењата и умеењата.
3, Надоместокот за студирање на оваа категорија студенти, изнесува денарска противвредност од 400 евра за една учебна година
4. Кандидатите државјани на РМ кои дел од средното образование завршиле во странство се запишуваат под истите услови и критериуми како и кандидатите со завршено средно образование во Република Македонија, со тоа што, покрај другите документи, поднесуваат и нострифицирани свидетелства за делот од средното образо- вание завршено во странство.
Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, но најмногу до 10% од државната квота.
VIII. Рокови за пријавување, проверка на талентот и запишување
РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ – 2016/17 IIУПИСЕН РОК
Пријавување на кандитатите
26-28октомври
Објавување на прелиминарни резултати
31октомври
Објавување на конечната одлуката за прием
1 ноември
Запишување на кандитатите
1 ноември
VIII. Документи за пријавување и запишување
1. Пријавен лист (во просториите на универзитетот)
2. Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование
3. Диплома за завршено средно образование
4. Извод од матичната книга на родените
5. Доказ за државјанство
6. Потврда за уплатени:
а) 1050 денари на жиро-сметката на Универзитетот: на име на административни трошоци.
б) 600 денари дополнителни трошоци за секој предмет кој е наведен во прилог листата 1, на соодветната студиска програма каде што е предвиден приемениот испит, на жиро-сметката на Универзитетот: на име на Комисии за проверка на знаења и умеења и интервистата (за студиски програми по англиски). Кандитатите кои се пријавуваат на програмите каде има можности за вонренди студии, освен наведената документација, треба да доставуваат и одредени документи за оправдување на статусот според наведените критериуми во овој конкурс.При запишувањето, примените кандидати ги поднесуваат:
1. Пријавни листови за запишување (обрасците се подигаат од студентските прашања на факултетот на кој
студентот се запишува)
2. три фотографии (две 6×9 и една 4×5)
3. потврда за уплатени;
– 600 денари, на жиро-сметката на Универзитетот: на име на издавање на индекс.
– 750 денари, на жиро-сметката на Универзитетот: на име: спортски, културни, информациски и информативни дејности на студентите на Универзитетот.
Уплатени средства за прв семестар
Сите горенаведени уплати да се реализираат на жиро-сметката на Универзитетот, на следниот начин:
-во „назив на примачот“ Универзитет “Мајка Тереза” – Скопје,
-во „банка на примач“ – Народна банка на Р. Македонија,
-во „сметка“ – 100000000063095
-во „износ“ – износот на финансиските средства што треба да се уплатат,
-во „сметка на буџетски корисник – единка корисник“ –1600162677 788 15
-во „приходна шифра и програма“ –723012, а во програма – 45.
Конкурсот е објавен на интернет веб страница : http://www.unt.edu.mk