СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В. (32) од Охрид-референт за превоз во ЈП „Македонски шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против Љ.Т. (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 27.09.2016 година во атар на с. Мрежани Љ.Т. без да поседува одобрение за сеча и превоз, бесправно пресекол 6,3 кубни метри огревно дрво. Г.В. како референт за превоз, без да го утврди потеклото на огревното дрво, изготвил и потпишал фалсификувана испратница за транспорт во која внел невистинити податоци со цел да му овозможи легален транспорт на бесправно исечените огревни дрва на Љ.Т.