На 26ти октомври во 08:00 часот во средното училиште „Дрита“ во Кичево, С.С. (професор во училиштето), на час физичко нападнал ученик од прва година.
Имено, ученикот се јавил да одговара, а С.С. почнал да го удира со шлаканици, тупаници и клоци во пределот на главата, лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило модрици и отоци, кои биле констатирани и санирани во Медицински центар Кичево.