НК КР Крива Паланка до ОЈО Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.З (33), М.С (24), М.С (64), И.К.(34), А.Ј.(30),И.С.(31) и Н.У.(27) поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, извршено во с.Опила, општина Ранковце, во куќа на Д.Т. (93) – мајка и С.Т (63) и Љ.Т.(68) – син и ќерка на Д.Т., оштетувајки ги притоа за 185.000 денари .
Пријавените на 07.11.2015 година, околу 09,00 часот, по претходен договор пристигнале во с.Опила, м.в.„Илиинци“, општина Ранковце, каде откако се увериле дека оштетениот С.Т. излегол од куќата влегле во дворот, а потоа преку влезната врата влегле во собата каде се наоѓале Љ.Т. и Д.Т и физички ги нападнале удирајки ги во пределот на главата и телото, нанесувајки им телесни повреди, а потоа со селотејп трака им ги врзале рацете и устите. Во меѓувреме влегле уште две непознати лица, кои извршиле пребарување и ги пронашле парите (3000 евра, 5000 долари и 50.000 денари), по што истите со одземените пари го напуштиле местото на настанот.