СВР: Притвор и кривична пријава за осомничениот за убиството на 67 годишната охриѓанка

Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје. На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа е…

повеќе...

Седум лица осомничени за разбојништво

НК КР Крива Паланка до ОЈО Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.З (33), М.С (24), М.С (64), И.К.(34), А.Ј.(30),И.С.(31) и Н.У.(27) поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, извршено во с.Опила, општина Ранковце, во куќа на Д.Т. (93) – мајка и С.Т (63) и Љ.Т.(68) – син и ќерка на Д.Т., оштетувајки ги притоа за 185.000 денари . Пријавените на 07.11.2015 година, околу 09,00 часот, по претходен договор пристигнале во с.Опила, м.в.„Илиинци“, општина Ранковце, каде откако се увериле дека оштетениот С.Т. излегол од куќата влегле во дворот, а…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Делогожда поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда. На трети овој месец, околу 02.00 часот,пријавениот, со намера да изврши кражба пристигнал во охридското село Ново село и затропал на вратата од куќата сопственост на З.Д. (56). Таа, му ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол во внатрешноста на куќата. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, се упатил во кујната каде била оштетената и…

повеќе...

Фатено лицето чија што “мета“ за разбојништво биле скопски таксисти

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Прилеп, поради основи на сомневање дека во временскиот период март/декември годинава сторил четири кривични дела „разбојништво“ и едно кривично дело „тешка кражба на особено дрзок начин“, при што противпрано се стекнал со имотна корист од околу 14.000 денари. Имено, Т.М., кој досега не е кривично пријавуван, во периодот од крајот на месец март до 17ти овој месец сторил четири кривични дела „разбојништво“ во кои објект на напад му биле таксисти со кои се возел на релација населба Гази Баба-Бутел-Радишани,…

повеќе...

Кривични пријави против тројца разбојници од Скопје

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицата А.Т.(22), П,Ј,(30) и М.А.(20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела ,,разбојништво“ при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 29.240 денари. Од страна на судија во претходна постапка на А.Т. и П.Ј. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, додека М.А. се наоѓа во бекство. Кривичните дела пријавените ги извршиле на 29 и 30. 10.2015 година во раните утрински часови на подрачје на Центар и Карпош.Првото кривично дело го…

повеќе...

Кривични пријави за две лица за разбојништво и поседување дрога

Единицата за општ криминал -Одделение за имотни деликти со елементи на насилство – отсек за разбојништва до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против П.С.(24) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, „разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ и “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ , како и против И.П.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,,разбојништво “, за што од страна на судија во…

повеќе...