Шекеринска: Бесплатнo болничко лекување за сите граѓани

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,  во изјава за медиумите истакна:

„Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно и достапно јавно здравство. Недозволиво е во нашава држава во 21 век, здравјето и животот на граѓаните да зависат од тоа дали можат да си дозволат болничко лекување, од тоа дали има или нема лекови во болниците и клиниките па и од тоа дали има или нема доволно лекари којшто ќе им ги понудат тие медицински услуги.

Затоа нашиот План за живот во Македонија презема обврска за бесплатно болничкото лекување за сите граѓани. Тоа значи дека ќе ја укинеме болничката партиципацијата и секој граѓанин без разлика на неговата финансиска или социјална состојба да може да си дозволи болничко лекување, тогаш кога му е најпотребно, и тогаш кога има најголеми проблеми.

Нема да дозволиме да продолжи праксата во која болници, клиники имаат огромен недостиг на лекови.

Граѓаните на Македонија, имаат право да имаат квалитетен лек и дома и во болница.

Заради тоа настаните којшто се случуваат на овие клинки, особено Клиниката за Онкологија, мора да станат минато.

Граѓаните на нашата држава мора да имаат квалитетно јавно здравство, ама тоа е невозможно ако немате доволно лекари, и доволно квалитетлни лекари во јавното здравство.

За да ги заштитиме, за да ги задржиме лекарите и медицинскиот персонал во јавното здравство, за да го спречиме, овој голем одлив и во приватното здравство и во странство ќе ги зголемиме платите и на лекарите и на целиот медицински персонал, на тој начин ќе овозможиме добра здравствена заштита, квалитетна здравствена заштита за секој граѓанин во Република Македонија.

Само на таков начин ќе добиеме јавно здравство кое што ќе лекува. Само на таков начин граѓаните на Република Македонија, ќе се одлучат за живот дома во татковината.“ –  рече Шекеринска.