Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје

Министерството за внатрешни работи, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје, ги информира кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „ДТУ Таргетс ДООЕЛ Скопје“ на 10.11.2016 година во 16,00 во просториите на Испитниот центар “АССЕКО“ ќе се одржи испит за Теоретско и практично оспособување за ракување со оружје.