Заев: Порачувам, нема да има отпуштања во администрацијата!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во своето обраќање истакна:

„Ви се обраќам од главниот град, од административниот центар на Републиката да порачам дека: ќе имаме професионална, услужлива и трудољубива администрација!

Вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа во служба на граѓаните, а не казнувани и уценувани како досега.

Почитувани вработени во државните институции,

Бидете спокојни, нема да има отпуштања во администрацијата!
Кој ви го говори спротивното, го прави тоа од политички, лични или други причини.

Ве уверувам, завршува времето на реваншзми и делење на народот по партиски списоци. Работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија, дали сте се појавиле на митинг или дали сте ставиле лакј на Фејсбук.

Ве уверувам сите:
Институциите ќе работат исклучиво во служба на граѓаните!
За секого ќе има можност за работа, никој нема да се чувствува непотребен, да биде вработен на хартија, а да нема столче каде да седне. Градиме држава во којашто сечиј труд ќе биде вреднуван.

Ние имаме План како ќе го направиме тоа:

-Ќе воведеме работно време во две смени до 20 часот во клучните институции, што ќе ви олесни на сите да не излегувате од работа или да земате ден од годишен одмор или боледување, за да завршите административни работи.

-Каде што има превработеност, ќе ги насочиме вработените, според нивната стручност, кон јавните сервиси каде недостига кадар, за подобри услуги на граѓаните.

-Паралелно со создавањето ефикасна администрација, ќе создаваме услови и за развој на домашните фирми, кои ќе отвораат работни места.

На овој начин за сите граѓани отвораме простор за избор, да конкурира за работа и да работи, онаму каде што гледа најдобра иднина за себе и каде се чувствува најкорисен.

Да знаете, ќе градиме држава во којашто сечиј труд ќе биде вреднуван.

Ве повикувам сите, да бидеме добри луѓе, да го трасираме патот кон развој.

За тоа да се случи, мора да сме заедно! Дедовците така не учеа, `не учеа дека десетте прачки потешко се кршат – Македонија повеќе не може да издржи делби.

Дојде време за спокоен и достоинствен ЖИВОТ во Република Македонија!“– рече Заев.