НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ѓ.К. (30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 30.05.2016 година на бензинска пумпа во Росоман пријавениот пуштил во оптек една фалсификувана банкнота во апоени од 50 евра и од маркетот, кој се наоѓа во склоп на бензинската пумпа, купил разни производи и една штека цигари. Од извршената анализа на банкнотата од страна на Народна Банка на Р.Македонија било утврдено дека истата е фалсификат.