Денес, по повод празникот на Прподобен Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа.