Во текот на минатата деценија, повеќе од 800 новинари се убиени поради пренесување на вести и информации до јавноста. Позагрижувачки е тоа што се осудува само еден од десет случаи извршени врз медиумските работници во изминатата деценија. Ова неказнување ги охрабрува сторителите на кривични дела, а во исто време има застрашувачки ефект врз општеството вклучувајќи ги самите новинари.
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата A/RES/68/163 на својата 68 седница во 2013 година на која го прогласи 2 ноември како „Меѓународен ден за да се стави крај на неказнувањето на злосторствата врз новинарите“. Во резолуцијата се повикуваат сите земји-членки да спроведат конкретни мерки во борбата против неказнувањето. Датумот беше избран по повод убиството на двајца француски новинари во Мали на 2 ноември 2013 година.
Ова одбележување ги осудува сите напади и насилство врз новинарите и медиумските работници. Резолуцијата исто така ги повика земјите-членки да сторат се за да се спречи насилството врз новинарите и медиумските работници, за да се обезбеди одговорност, да ги изведат пред правдата сторителите на кривични дела против новинарите и медиумските работници, а жртвите да имаат пристап до соодветен третман. Тоа уште повеќе ги повикува државите да промовираат безбедна и поволна средина за новинарите да ја вршат својата работа независно и без непотребно попречување.
WebOhrid