Денес Министерот Пиштар Лутфиу одржа состанок со претставниците на Свестка Банка одговорни за импементација на проектот “Skills Development and Innovation Support Project”.
На состанокот присуствуваа Бојана Нацева, Таск Тим Лидер на проектот (одговорна за проектот), како и Роберта Мале Басет, одговорна за високо образовани и Гордана Поповиќ, одговорна за делот на поддршка на иновации.
Тимот на Светска Банка ја пофали имплементацијата на проектот со оглед на комплицираните политички услови кои налагаат одложување на некои одлуки и активности до периодот на изборите.
Беше констатиран напредок во сите компоненти на проектот што според Светска Банка се должи на поддршката што Министерството ја дава на активностите, и беше договорено забрзување на активностите околу донесување на новата Концепција за модернизација на средното стручно образование која се работи заедно со Центарот за средно стручно образование и која е во финална фаза на изработка, а истотака беше истакната и потребата од продолжување на активностите за зајакнување на квалитетот на Високото образование, со поддршка на Светска Банка.