Средба на Заев со Црногорската заедница: За нас сите граѓани се важни!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Црногорската заедница во Р.Македонија и претседателот Борис Попивода.

На средбата се разговараше за долгогодишната традиционална соработка меѓу двете земји, за животот во Македонија како и за потребата од промени што ќе донесат добар живот за сите граѓани во државата.

Изразена е заедничка согласност дека е тоа можно само со одговорна Влада на којашто приоритет ќе и бидат потреби на граѓаните.

„Ќе го вратиме животот во Македонија. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија да отворат нови работни места и да овозможат повисоки плати. За нас сите граѓани се подеднакво важни и затоа наша определба е граѓанскиот концепт. Цврсто сме определени да ја градиме Македонија како едно општетство, на еднакви граѓани. Институциите мора професионално да работат за потребите на сите граѓани. Правдата треба да биде достапна за сите граѓани. Промените сите ги чувствуваме, ќе има живот во Маккедонија“, рече претседателот Заев на средбата.

Граѓаните од Црногорската заедница изразија отворена поддршка на претседателот Заев и порачаа дека ќе се вложат во промените коишто ќе го вратат животот, правната сигурност и економските перспективи на Република Македонија.