Македонија останува посветена на европската безбедност и одбранбената соработка помеѓу државите од Централна и Југоисточна Европа

„Настаните во изминатите две години, мигрантскиот бран покажа дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се меѓу зависни во поглед на безбедноста; Затоа потрено е да бараме заеднички одговори на заедничките предизвици“, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешниот министерски состанок на Централно европската одбранбена соработка и дел од земјите од Југоисточна Европа, кој се одржа во Австрија.

Пред министрите за одбрана на земјите-членки на Централно европската одбранбе на соработка, како и Србија и ЦрнаГора, министерот посочи дека стратегиските цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, за што постои и силна јавна поддршка. „Време е Европа стратегиски да размислува за безбедноста и стабилноста, и Македонија да биде што поскоро интегрирана во евроатлантските структури. Македонија ќе продолжи со спроведување на реформите во сите области и исполнувањето на политичките и економските критериуми, бидејќи тоа е подеднакво за граѓаните, но и за евроатлантските интеграции“, рече министерот Јолевски.

Информирајќи за придонесот на Република Македонија кон глобалната, европската и регионалната безбедност, министерот Јолевски посочи дека државата е подготвена за ефикасна и практична билатерална и регионална одбранбена соработка на земјите од Централна и Југоисточна Европа.

Министерот Јолевски во делот на своето обраќање посветен на пред извиците од мигрантската криза укажана потребата од поблиска соработка. Во едно истакна дека постои „неопходност за сеопфатна стратегија и политикана ЕУ кон мигрантската криза, кон безбедносните предизвици, како и потреба од размена на информации, биометриска регистрација на сите мигранти, како и размена на овие податоци“.

Фактите говорат дека денес имаме помалку мигранти кои се движат кон Европската Унија, отколку во 2015 година, дека нема масовни групи на мигранти, но дека исторемено се интензивираа обидите за недозволен транзит, односно шверц на лица во мали групи. Во периодот од почетокот на годината до крајот на месец септември, рече министерот, спречени се околу 34.000 илегални мигранти во обид за илегален влез на македонско-грчката граница. Во тој контекст министерот Јолевски се заблагодари за помошта од полициските службеници од Австрија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Србија, кои е распоредени на границата на Македонија. „Сите земји на т.н. ’балканска рута’ на мигрантите реагираа брзо и координирано. Во 2015 и 2016 година имавме многу интензивна комуникација, консултации и заеднички акции на билатерален и регионален план“, додаде министерот на состанокот.