„Парламентарки“ на 11ти ноември пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар на 11ти ноември (петок), во 20:00 часот ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов.

nikola-2

Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.

ivica-2

Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.

Влезот за истата чини 150 денари, а препорачана возраст: +15.

beti-2