Утре ќе биде промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева

Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре (среда) ќе се одржи промоција на стихозбирката „НЕКАДЕ ПОМЕЃУ“ од српската и македонската поетеса Искра Пенева, која е носител на наградата „Стојан Христов“ на СВП 2016 год. Покрај избраните песни ќе има и проекција на 3 поетски видеа, чиј автор е Искра Пенева.

Искра Пенева е родена во 1980 година во Белград каде што живее и работи. Дипломирала на Математичкиот факултет во Белград. Автор е на четири стихозбирки. Член е на Здружението на писателите на Србија.

iskra