Битолчанка заработи кривична поради вршење јавен превоз без лиценца

НККР-Кичево поднесе кривична пријава против В.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на права од работен однос“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, додека правното лице ДПТТУ „Сокол Транс“ ДООЕЛ Кичево за кривично дело „повреда на права од работен однос“. Пријавената во период од 07.10.2013 до 20.10.2016 година вршела јавен превоз без да поседува лиценца, за што го основала и регистрирала и пријавеното правното лице со приоритетна дејност „такси служба“, а потоа дејноста ја организирала без да се стекне со лиценца за вршење на јавен превоз со две патнички возило во нејзина сопственост и едно возило сопственост на правното лице.

В.С. во својство на управител на ДПТТУ „Сокол Транс“ ДООЕЛ Кичево, свесно на три лица од Кичево им го повредила правото за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување, на начин што во различни временски периоди од октомври 2014 година до декември 2015 година ги ангажирала на работно место такси возач без да склучи Договор за вработување, така што при вршење на редовна сообраќајна контрола од страна на полициски службеници, лицата се затекнати како ги управуваат возила.