Шекеринска: Преземаме обврска да ги заштитиме Oхридското Eзеро и Oхрид

Носителката на кандидатската листа на СДСМ во петтата изборна единица Радмила Шеќеринска денес беше во посета на Охрид. Шекеринска од тука истакна дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Како што кажа планирана е стратегија за развој на активниот туризам, стратегија којашто ќе го врати сјајот на Охрид, но и ќе го зачува неговото посебно културно богатство.

„Нашиот План за живот во Македонија значи дека главната цел ни е младите од цела Македонија, вклучително и младите од Охрид, да одлучат тука да ја градат својата иднина, тука да инвестираат, тука да создадат семејство, да останат со своите најблиски. Преземаме обврска во нашиот План за живот во Македонија во Охрид да ги заштитиме сите негови богатства, споменици, којшто се споменици од значење за целата Република Македонија.

Со страв, со вознемиреност граѓаните на Охрид, и на Македонија ги слушаат овие вести дека местото на Охрид во УНЕСКО е загрозено. Превземаме обврска да ги заштитиме и охридското езеро и охрид, и неговата околина, од криминалните проекти кој што го ставаат под знак на прашање неговото место во УНЕСКО.“ – изјави Шекеринска.

sekerinskavoohrid01

Додаде дека СДСМ има план кој што подразбира инвестиции за заштита на вистинското културно богатство кој најповеќе се наоѓа токму  во Охрид.

sekerinskavoohrid02

„Планираме да донесеме нов закон за заштита на спомениците во Република Македонија кој ќе ја содржи целата листа на вистинските културни богатства и тоа ќе значи финансиска обврска на државата тие културни богатства да ги чува и да ги предаде на следните генерации. По декември државата ќе работи во полза на граѓаните, затоа предвидуваме сите институции каде граѓаните ги остваруваат своите клучни права да работат двосменски до 20 часот. На тој начин ќе овозможиме сите граѓани да можат да ги остварат своите права без да излегуваат од работа, без да земаат слободен ден, без да го губат своето драгоцено време на тој начин воедно ќе дадеме шанска, и на администрацијата да работи без притисоци, да работи без страв, да работи знаејќи дека никој нема да биде отпуштен, а за секој ќе има шанса да си го сработи она што го добива од државата, и од граѓаните како плата. Ќе ја укинеме партиципацијата, и ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување за сите граѓани во Република Македонија, затоа што сите знаеме дека болничките лекувања претставуваат удар врз семејните буџети во семејесва во којшто има ниски примања. Ќе обезбедиме квалитетни лекови кој што лечат, наместо лекови кој што се резултат на одредени бизнис интереси.

Лекарите ќе имаат една и единствена цел и задача, да се грижат за пациентите, а не да бидат писари, не да бидат бирократи. Наместо да им правиме притисок со казни како што сега се случува, тие ќе добиат поттик, на тој начин што во првите 6 месеци ќе ја зголемиме платата и на лекарите, и на медицинскиот персонал за 15%, а нашата цел е да бидат двојно поголеми платите на сите којшто работат во здравство до крајот на манадатот. Така ќе си ги зачуваме и лекарите, и специјалистите кој секој ден заминуваат од Македонија ама така и на сите граѓани од Македонија ќе им обезбедиме пристојно, и здравтво кое што ги лечи, а не здравство кое што ги разболува.“– истакна Шекеринска.

sekerinskavoohrid04

WebOhrid