Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2016 година изнесува 84 018, а бројот на ноќевањата изнесува 197 122.
Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.0%.
Бројот на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 22.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 21.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.1%.
Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 4.0%.
Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 0.8%.