„Охридско лето“ се презентира на Генералното собрание на ЕФА во Острава

Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот„Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европскатафестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град Острава.

Според претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, кој какоделегат на Собранието престојува во овој културен центар, покрај предвидените средби сопретседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, конференцијата во Острава била и добра можност на првите луѓе наЕФА да им бидат врачени официјални покани за присуство на претстојното 55-то јубилејноиздание на „Охридско лето“.

Во рамките на ЕФА работилниците стана збор и за фестивалите и културната соработка воЕвропа како и за спонзорства и комуникации во рамки на успешно реализирање на фестивали.На двете работилници имав кратко излагање за Фестивалот Охридско лето, и го пренесовнашето искуство во оваа тематика,“ вели Вељаноски –Летра.Првиот човек на УО на најпрестижната манифестација кај нас, информира дека годинашнотославеничко фестивалско издание, кое изобилува со звучни имиња од светската музичка исценска уметност, како и целокупната фестивалска програма, предизвикале воодушевувањекај првите луѓе на ЕФА.

Навистина беа изненадени од она што го имаме на фестивалската сцена оваа година, посебно од концертот за свеченото отворање , изведбата на едно од најмаркантните музички дела надваесеттиот век, – сценската кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.Воодушевени беа од тоа што овој грандиозен мултимедијален проект се реализира од странана продукциската куќа “Ла Фура Делс Баус“, кој го оценуваат како најголем спектакл вомоментов во Европа“, вели Вељаноски- Летра.

 За време на неколкудневниот престој во Острава, Вељаноски-Летра присуствувал и нанајголемиот настан во овој чешки град, Фестивалот ,,Јаначек Мај,, кој годинава се оддржува по40 пат. Спектакуларениот концерт, како дел од овој најголем културен настан во Острава, билво изведба на Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул формиран во 1840 година.Солист на концертот бил Пол Луис, еден од најголемите пијанисти на денешницата а диригент Васили Петренко.

На годинешново Генерално собрание на ЕФА учествувале 123 делегати од триесетина земји восветот. Следната година овој голем собир на најзначајните културни здруженија ќе се одржи во Вроцлав, Полска, град на културата за 2016 година.

unnamed (4)