На 12.11.2016 година во 08.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на м.в. „Разделна“, се случила сообраќајна незгода во која Н.Д. (58) од Прилеп, управувајќи ТМВ „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во незгодата Н.Д. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.