Охриѓанка повредена во сообраќајка на ул„Ристо Чадо“

Вчера во 11.15 часот во Охрид, на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која Л.Р. (45) од Охрид, управувајќи ПМВ „Застава 101“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во запрено ПМВ „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.А. (29) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Р. (72) од Охрид, сопатничка во ПМВ „Застава“. Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Медицински центар Охрид, каде е задржана на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.