Најдобриот македонски ММА борец, Дејан Стефаноски на прием во АМС

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за Дејан Стефаноски, ММА (Mixed Martial Arts) борец кој настапува под Македонскот знаме и Македонската химна.

Директорот Спасески му честиташе за последната борба на Стефаноски каде со победата изби во врвот на најбараните борци во оваа категорија во светот. Во последната борба Стефановски го победи Имран Мактијев од Чеченија, претставник на Салзбург, Австрија. Стефаноски е во очекување на следниот противник каде со противникот ќе се бори во Абу Даби. Стефаноски се бори во категорија од 77 кг до 84 кг каде досега има остварено пет победи и еден пораз.

ams_priem_mmi_web