Меѓународен ден на толеранцијата

Обединетите нации се залагаат за јакнење на толеранцијата, преку негување на меѓусебно разбирање меѓу културите и народите. Овој императив се наоѓа во срцето на Повелбата на Обединетите нации, како и на Универзалната декларација за човекови права, а е поважна од било кога во оваа ера на зголемување и насилeн екстремизам и проширување на конфликти кои се карактеризираат со основни непочитувањa на човечкиот живот.

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН (со резолуцијата 51/95) ги покани земјите-членки на ОН да го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата, на 16 ноември. Оваа акција се надоврза на годината на Обединетите нации за толеранција, 1995 година, прогласена од страна на Генералното собрание на ОН во 1993 година, по иницијатива на УНЕСКО, како што е наведено во Декларацијата за принципите на толеранција и следење на акциониот план за оваа година.

Во 1995 година, по повод годината на Обединетите нации за толеранција и 125-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди, УНЕСКО создаде награда за промоција на толеранција и ненасилство. УНЕСКО „Madanjeet Singh“ наградата за промоција на толеранција и ненасилство ги наградува значајните активности во научните, уметничките, културните или комуникативните области во насока на промоција на духот на толеранцијата и ненасилството.

Наградата се доделува секоја втора година по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември. Наградата може да се додели на институции, организации или лица, кои придонеле со особено заслужен и ефикасен начин за толеранција и ненасилство.

Победникот за 2016 година е Сојузниот истражувачки и методолошки Центар за психологија на толеранција и образование од Русија.

WebOhrid