Во Охрид ќе се одржи обука за оданочување на приходи од кирии

Во просториите на Управата за јавни приходи, Даночно Одделение Охрид, утре ќе се одржат обуки за граѓаните на тема:„Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот”.

Обуката во Охрид е една од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во останатите 36 општини низ Република Македонија, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници, стекнување на знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности.