Делегација на Царинската управа на 13-от состанок на SELEC

Делегација на Царинска управа на Република Македонија, предводена од директорката, присуствува на 13-от состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), што се одржува денес (17 ноември 2016 година) во Букурешт, Романија.

На настанот се одбележува и 5 годишнината од постоењето на SELEC како меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија. За време на состанокот беа презентирани и постигнатите резултати на SELEC во текот на пет годишното работење, плановите за работа во иднина, како и предизвиците со кои континуирано се соочуваат земјите членки.

Царинската управа на Република Македонија има секојдневна успешна соработка во рамките на SELEC, а се работи и на продлабочување на соработката преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.

selec-1