Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „,Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(47) од струшкото село Лабуништа.
Пријавениот, пред три месеци, за сума од 300 евра, неовластено набавил огнено оружје-автоматска пушка АК-47 и двеста парчиња муниција- калибар 7,62 милиметри.
Пронајденото огнено оружје и целокупната муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.