Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Гевгелија, спречија нов обид за нелегален влез на патници во државата, при што се откриени 31 илегалци во меѓународен товарен воз.
Вчера, 13-ти март, во вечерните часови, на железничката станица Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција–Австрија, биле откриени вкупно 31 илегалци.
20 илегалци биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 илегалци биле откриени во надворешниот дел на 2 вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери.
Според нивните изјави илегалците биле државјани на Египет, Мали, Сирија, Авганистан и Пакистан, а нивната намера била да стигнат во внатрешноста на Европската унија.