Денес, на 17.11.2011 во хотел “Континентал” се одржа тркалезна маса на тема “Менторство новоименуваните директори”, во организација на Државниот испитен центар.
На настанот говореше министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, директорката на Државен Испитен Центар, проектниот лидер и експерти од Литванија, а во дискусијата учествуваа и градоначалници, претставници на МОН, ДИЦ, на ДПИ, итн.
Министерот Лутфиу рече дека ваквите обуки ќе ги поддржува и во иднина и дека на нивниот придонес ќе се одрази на квалитетот на образованието во целина.