Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за дел од членовите на Македонската бодибилдинг репрезентација која неодамна настапи на Балканско првенство, кое се одржа во Књажевац Србија.
Македонската репрезентација настапи со пет натпреварувачи во различни категории, а настапот на нашата репрезентација е повеќе од успешна. Освојувањето на првото место за Алекксандар Трајковски во боди билдинг класик и второ место за Дарко Стојановски во физик го надополнија 4-тото место за Горан Тромбев во јуниорска категорија за и двете петти места во боди билдинг лесна за Сергеј Цветковски и Ангела Гелинческа во фитнес девојки.
Спасески ја искористи можноста за да продискутира со челниците на федерацијата околу идните планови на репрезентативците.
Претседателот на федерацијата Бобан Ѓороски го најави одржувањето на семинари со врвни светски стручњаци од областа на бодибилдинг и фитнес, а кои ќе бидат наменети исклучиво за натпреварувачите, како и стартот на ББФФМ за издавање на лиценци за бодибилдинг и фитнес инструктори.