Денес во просториите на УНДП се одржа доделување на техничка документација за инфраструктурни проекти за развој на руралниот туризам во Општина Дебрца. На средбата присуствуваа постојаниот преставник на УНДП, Луиза Витон, Министерката за локална самоуправа, Ширет Елези, Државниот Секретар во Министерство за Локална СaмоуправаБиљана Цветановска Гуговска.
Имено се работи за техничка документација за локалитетот „Сини Вирој” во кој е предвидено негово поврзување со 5км локален пат кој ќе ги поврзува селата Белчишта и село Ново Село изградба на паркинг простори за автомобили и автобуси, изградба на пешачка патека од природни материјали во должина од 1км, Изградба на четири видиковци од природни материјали камен и дрво.
Градоначалникот Игор Трајкоски истакна дека овој проект ќе допринесе за развој на Локалитетот „Сини Вирој” за развој на Руралниот Туризам во Дебрца како и можност на Општина Дебрца да аплицира на европските фондови со подготвен проект.