Политичките партии денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите на 11 декември, денеска во 14 часот ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија (ДИК) која првпат го организира овој настан.

„За таа цел, ги повикуваме претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и претседателите на политичките партии кои самостојно учествуваат на изборите, со своето лично присуство и потпис да ја реафирмира заложбата на своите коалиции и партии за фер и демократски избори“ – се вели во соопштението на ДИК.

На настанот е поканет и дипломатскиот кор во Македонија.

Извор: meta.mk