Повреден таксист од полицаец кој не бил на должност

Вчера во 16,50 час. во ПС – Охрид С.Н.(45) пријавил дека истиот ден околу 16,20 часот додека со неговото такси возило бил паркиран на ул.Јане Сандански пред маркет, излезен од возилото, кон него се упатил С.С. (полициски службеник од СВР Охрид кој во тоа време не бил на должност, и во цивилна облека) на кого исто така возилото му било паркирано пред маркетот. Најверојатно С.С., наводно помислил дека пријавителот му го фотографирал возилото, и почнал да му упатува навредливи зборови и закани и тргнал накај неговото возило. Кога С.Н. го запрашал дали е свесен што зборува, С.С. продлжил со навредите и заканите, сакал да влезе во возило, но С.Н. му рекол да почека да дојде полиција, по што С.С. со рака замавнал и го удрил оштетениот во пределот на брадата, по што со своето возило го напуштил местото на настанот. За настанот е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.