СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал поднесе шест кривични пријави против девет лица

СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во текот на октомври годинава во рамките на ОА Гора поднесе шест кривични пријави против девет лица поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела од кои: две дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, по две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“, пет кривични дела ,,кражба“, две кривични дела ,,фалсификување службена исправа“ како и две кривични дела ,,фалсификување или уништување на деловни книги“. .

Во првите два случаи поднесени се кривични пријави против М.Т.(45) и Н.С.(51) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле две кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените како возачи на ТМВ вршеле јавен превоз на стоки- гревно дрво без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерство за транспорт и врски.

Во третиот и четвртиот случај поднесени се две кривични пријави против А.Ш.(24) и С.А.(64) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле две кривични дела „кражба“. Пријавениот А.Ш., на точно неутврден датум и место, со намера за противправно присвојување со употреба на погодено средство од туѓа шума извршил безправна сеча и одзел повеќе стебла огревно дрво вид бука, иако знаел и бил свесен дека непоседува одобреније за сеча, по што безправно исечените огревни дрва вид бука во количина од 4.50 метри кубни без јасно видлив шумски жиг и без соодветна документација за транспорт ги натоварил во ТМВ. Пријавениот С.А. исто така со намера за противправно присвојување од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно дрво бука, даб и габер чие количество е поголема од еден метар кубен, без одобрение за сеча, а потоа безправно исечените дрва без соодветна документација-испратница за превоз и без јасно видлив шумски жиг и боја, ги натоварил во ПМВ.

Во петиот случај поднесена е кривична пријава против М.А.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и кривично дело „фалсификување службена исправа“, како и против Е.И.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ в.в. со член 24 од КЗ, кривично дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги“ и кривично дело ,,кражба“. Пријавениот М.А., во својство на референт за превоз во Подружница Шумско Стопанство-„Куманово“ при Јавно претпријатије „Македонски шуми“ Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на тој начин што по претходен договор со Е.И. во Шумско Стопанска Единица „Ваксинци“ во Оддел 67 каде што откако второпријавениот за да му овозможи легален превоз на безправно исечените дрва, искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со жиг бр.457 и изготвил и со својот потпис и печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Куманово“ заверил испратница во која внел невистинети податоци, дека наводно се превезуват само шест метри кубни огревно дрво бука по Дозвола за сеча, иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на второпријавениот во ТМВ, на околу осум и пол метри кубни огревно дрво бука, и потоа испратницата со невистината содржина му ја дал на второпријавениот заради вршење на легален превоз на исечените букови огревни дрва.

Во шестиот случај поднесена кривична пријава против С.В.(32) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ и „фалсификување службена исправа“ и против Б.С.(23) поради постоење на основано сомнение дека исто така сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“ и против А.Б.(22) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Пријавениот С.В., во својство на Контролор на рампа во ПШС Куманово во состав на ЈП Македонски Шуми-Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување, а на барање на Б.С., изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми ПШС Куманово заверил документ дозвола за сеча на огревно дрво. Дозволата за сеча му ја дал на второпријавениот по што истиот заедно со третопријавениот наместо да извршат сеча на буково дрво во вкупна количина од два и пол метри кубни, истите безправно исекле огревно дрво вид даб и габер во количина од над три пол метри кубни. Првопријавениот за да им овозможи легален превоз на безправно исечените дрва, на второ и третопријавените искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со шумски чук и изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми ПШС Куманово, заверил Испратница во која внел невистинети податоци.