Засега непознат сторител изврши тешка кражба во црквата Св.Наум лоцирана во охридското село Лескоец. Во внатрешноста на црквата е влезено ноќта помеѓу 14 и 15 февруари оваа година, насилно и со употреба на подесен алат со кој е оштетена влезната врата од црквата.
Сторителот на тешката кражба, за кратко време извршил пребарување во внатрешноста на црквата по што одзел 200 денари.