Во просториите на ВМРО – Народна партија во Охрид, коалицијата „ВМРО за Македонија“ денес ја одржа првата прес конференција, на која беше презентирана политичката платформа на коалицијата ВМРО за Македонија. Беа претставени и дел од кандидатите за пратеници од Охрид кои се на кандидатската листа за пратеници во 5тата изборна единица.
Како што истакна претседателот на Општинскиот изборен штаб на Коалицијата ВМРО за Македонија, ЈонѐСтанковски, Коалицијата на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација на Македонија.
„Коалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување и ќе претставува клучен фактор за формирање на идната Влада во Република Македонија, но и клучен фактор во идните процеси за демократизација, економски напредок и забрзана евро-атланска интеграција. Иако во својата политичка основа, коалицијата се води од десничарската определба, сепак на овие избори очекуваме голема поддршка и од центарот, но и од левицата, но и од неопределените гласачи, бидејќи сме сигурни дека граѓаните се свесни за потербата од сериозен трет политички субјект во Македонија, кој ќе претставува коректор и баланс во идната Влада. Сигурни сме дека граѓаните се свесни и за тоа колку е опасно, во овие клучни моменти за Македонија, да продолжи оваа биполарна политичка атмосфера и одмерување на силите помеѓу двете најголеми партии, кои во оваа закрвена битка, нема да бираат средства за реваншизам и меѓусебни пресметки, а жртва од сето тоа, како и многу пати до сега, ќе биде обичниот македонски граѓанин.“– рече Станковски.
Утре, со почеток од 19 часот, во Центарот за култура Григор Прличев, ќе се одржи првата средба со граѓани на коалицијата, на кој а ќе биде презентирана изборната платформа, како и кандидатите за пратеници од изборните листи. Ванчо Костоски од ВМРО – Народна партија Охрид и Владимир Каневче од Обединети за Македонија, се дел од кандидатската листа за пратеници во 5-тата изборна единица. Покрај нив, на листата од Охрид се и Рајко Домазетовски, Билјана Мојсоска и Тања Ставреска Митреска.
„Од името на Обединети за Македонија, ги покануваме сите граѓани утре да дојдат во големата сала на Центарот за култура, да слушнат која е нашата програма, како претставници на идната власт во Македонија, која што ќе се трудиме да донесе пред се едно помирување на македонскиот народ, кој што овие две години премногу ја рашири омразата, пред се обединување, помирување и конечно Македонија да тргне по својот пат каде што и е местото.“- рече Каневче.
„Чест ми е да бидат на листата за пратеници на Коалицијата ВМРО за Македонија. Жалам што оваа коалиција не беше направена пред пет години, во 2011 година, бидејќи ако тогаш ја направевме оваа коалиција, секако дека немаше да се случува ова што денеска се случува во Македонија, односно немаше да дозволиме како коректор тогаш на власта, власта да дојде до овој степен и да ја донесе Р.М до овој степен, со една надворешна и внатрешна криза. Меѓутоа таа грешка ќе ја исправиме, овој пат заедно и уште многу подобро ќе настапиме. Нашата основна цел е враќање на демократијата во Република Македонија. Едно што можам да гарантирам е следново- Како Коалиција ВМРО за Македонија ќе освоиме, нашата цел е да освоиме околу 15 пратеници, ќе бидиме главен фактор за составување на идната власт. Коалиција ВМРО за Македонија нема да дозволи малтретирање, бракање од на работа, на било кој член од која било политичка партија, а најмалку заради неговата политичка припадност“ – истакна Костоски.
WebOhrid