Заменик министерот за внатрешни работи д-р Нухиу на Регионалната конференција за Кибернетичка безбедност што денес и утре се одржува во Приштина Република Косово во своето обраќање пред присутните истакна дека кибернетичкиот криминал претставува еден предизвик за современото општество, притоа допирајќи го јавниот и приватниот живот. Тој ја изрази нашата институционална подготвеност за поддршка и регионална соработка во борба против кибернетичкиот криминал.
Д-р Нухиу на оваа Конференција, меѓу другото , оцени дека јасното, конкретно и неконтрадикторно кривично право и правниот поредок не треба да бидат асиметрични со оперативните полициски активности, напротив, потребно е успешно менаџирање со новиот предизвик и неопходна е меѓуинституционална и регионална координација.