Шекеринска: Нашиот план е минимална плата од 16 илјади денари за сите

Изјава за медиуми,
Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е. 5
Битола, 22.11.2016

Мора да го запреме масовното иселување на младите за кои ни зборуваат граѓаните низ Битола, но исто и низ цела Македонија.

Имаме План како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаат десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од се е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови.

Дури и денес, кога Груевски ги краде идеите од нашиот План, тој покажува повторно дека не ги разбира граѓаните на Република Македонија, ниту нивните проблеми иако признава дека минималната плата во Македонија не е доволна за врзување крај со крај, тој повторно нуди незначителни покачувања, и повторно ги остава на цедило вработените во текстилната и кожарската индустрија, токму оние на кој оваа држава не им помогна.

Ние имаме план со кој минималната плата ќе ја покачуваме секоја година до 16.000 денари, и тоа ќе важи за сите, и за оние од текстилната, и за оние од кожарската индустрија.

Ќе обезбедиме финансиска помош од буџетот на Република Македонија да им помогнеме и на фирмите да обезбедат егзистенција за своите вработени. Целта на сево ова ни е просечната плата во нашата држава да изнесува 30.000 денари, а младите да добијат директна поддршка од државата, преку 10.000 евра неповратни сретства за да почнат бизнис и 2 години можност, тој бизнис да го водат во старт-ап центрите низ Република Македонија, каде што ќе имаат бесплатно сместување, нема да плаќаат за комуналии, нема да плаќаат за сметководство и сите пари ќе останат кај нив и нивните шанси за создавање бизнис ќе се зголемат.

Имаме план, имаме обврска да обезбедиме живот овде во татковината во Република Македонија, за сите нејзини граѓани.