Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“, започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се до пролетта.
„Денес се засадуваа садници од видот Виола (очиња) на кружниот тек кај Охридска банка, додека на улицата „Аџи Мустафа,” покрај новоизградениот тротоар започна хортикултурно уредување.“- индормираат од препријатието.