Во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид со своите тимови за социјално-хуманитарна поддршка и медицинските тимови помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, после Дебрца, продолжуваат со посетите на старите лица во руралните средини во општина Охрид.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат посетени старите лица во селата Куратица, Опеница, Вапила и др. при што, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе им поделат хуманитарна помош и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ).
Во прилог се фотографии од минатонеделната посета на старите лица во селата во општина Дебрца.