Во јапонската престолнина Токио утринава, по 54 години, првпат падна снег во ноември.
Снегот предизвикал метеж во сообраќајот во предградијата на градот, но во самиот центар снежната покривка достигнала дебелина од само два сантиметри.
Метеоролошката станица на Јапонија потсети дека ова е прв „ноемвриски снег“ од 1962 година. Минатата година снег падна дури во јануари.
Светските медиуми потсетуваат дека минатата недела во Токио било прилично топло, односно дека била измерена температура дури од 18 Целзиусови степени. Сепак, температурата за само еден ден опадна на 4 Целзиусови степени.
Извор: meta.mk