ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат да направат споредба на нивната со нашата програма и Реално да направат разлика

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати контрареакција кон реакцијата на СДСМ која се однесуваше на вчерашниот прес на Др. Љубен Арнаудов – претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и Кандидат за пратеник при ИЕ 5.

„Денешната реакција на СДСМ не претставува ништо друго освен прикажување на нивната политичка слабост која се истакнува преку небулозни тези, изјави и критики во кои не веруваат ни тие самите. Самиот факт што дури после еден ден реагираат на прес конференција укажува на тоа дека добро ја анализирале програмата Реално и сфатиле за значението на капиталните проекти кои се опишани и кои ќе се спроведат од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Ваквиот принцип на замајување на јавноста од СДСМ е добро познат кај сите нас. Граѓаните знаат да направат споредба на нивната со нашата програма и РЕАЛНО да направат разлика. Разлика не само во обемот и содржината туку и во значајноста на капиталните проекти. Најголема споредба може да се согледа и во водењето на локалната самоуправа на град Охрид предводена од ВМРО ДПМНЕ и она што беше период на мрачно сценарио кон градот Охрид во времето на СДСМ во период од осум години. И за крај направете споредба помеѓу се она што прави ВМРО ДПМНЕ во изминативе десет години и она што СДСМ го направи во текот на нивниот мандат каде главен проект им беше приватизацијата на капитални објекти. Тоа е она што нас не разликува од нив, а денес целосно е пресликано во програмата РЕАЛНО 2017-2020, која топло им ја препорачуваме на сите политички опоненти како главно четиво за тоа како треба да се ветува, реализира за на крај да се даде отчетност. “- стои во реакцијата.