Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ ќе бидат дел од интернационалниот проект „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“. Организатор за овој реон е ОУ „Млада Поколења“ Ковачица, Србија. ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид со Тим едукатори се вклучи во овој проет од ноември 2016 до април 2017 година. Координатор е одделенскиот наставник во ОУ „Кочо Рацин“, Виолета Петковска.
„Од оваа година и ние сме дел од оваа магична приказна.Идејата за овој проект настанала во 2000 година во Градска библиотека во Чешка. Оваа светска акција за прв пат е одржана на 02.04.2000 година (Ден на раѓањето на Х.К. А). Целта на проектот е запознавање на дечињата со голем број на бајки, често и ретко достапни, поттикнување на желбата, интересот за читање, унапредување на вештини за читање, содржинска анализа, користење и селекција на достапни ресурси, сето тоа на сосема оригинален начин, забавен за младите читатели. Следните години на Чешките училишта и библиотеки им се придружија училишта од Словачка, Полска, Хрватска, Украина, Србија, Грција, Велика Британија, Литванија, околу 60 000 училишта, библиотеки, интернати, детски домови од 1100 градови од секаде.“ – велат од ОУ „Кочо Рацин“.
Активностите вклучуваат запознавање со животот и делото на Андерсен и што повеќе негови дела, на забавен, иновативен начин (работилници, конкурси, квизови, презентации, игри).
Завршната активност е вечерта на 2ри април и другиот ден (3ти април) со засадување дрво на Бајките.